Луѓето на кои им е преку глава од мебел за домаќинства на „Ikea“, како што се кујнски постери, ормани и маси, имаат можност да го препродадат на компанијата за трговија со мебел во нивните продавници како половна стока, пренесува „Reuters“.
Најголемата светска компанија за мебел вели дека иницијативата „Buyback“ е дел од нејзината цел да стане „целосно циркуларен и позитивен климатски бизнис до 2030-та година“.
Врз основа на програмата, која работи во 27 земји од 24-ти ноември до 3-ти декември, клиентите ќе добијат ваучери за користење во продавниците на „Ikea“, чијашто вредност ќе зависи од состојбата на продадениот мебел.
Клиентите со мебел што „изгледа како нов“ без гребнатини ќе добијат 50% од оригиналната цена. Стоката во „многу добра“ состојба со мали гребнатини ќе носи 40%, а „значително користената“ со многу гребнатинки ќе им донесе на нивните сопственици 30% од цената што ја платиле за нив.
„Ikea“ објави дека ваучерите нема да имаат рок да ги охрабрат клиентите да купуваат стоки само кога им се потребни.
„Со тоа што одржливиот живот е поедноставен и подостапен, „Ikea“ се надева дека иницијативата ќе им помогне на своите клиенти да заземат став против прекумерната употреба и во годините што доаѓаат“, рече компанијата, повикувајќи се на 27-ми ноември, кога многу трговски компании на трговците им нудат големи попусти на нивните производи.
„Ikea“ информира дека сè што не може да се препродава ќе се рециклира или ќе се донира во добротворни цели. Компанијата планира во 2021-ва година да има посебни делови во секоја продавница, каде што луѓето можат да го препродадат својот стар мебел и да најдат поправена или обновена стока.
Минатата недела, „Ikea“ соопшти дека очекува приходите од продажба да се вратат на раст оваа година, бидејќи кризата со коронавирусот го зголемува интересот на купувачите за поголемо трошење за домовите. Според компанијата, овој тренд ќе продолжи долго време.