29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПолска компанија веќе е проценета на 19 милијарди долари

Полска компанија веќе е проценета на 19 милијарди долари

Акциите на најголемата полска платформа за трговија преку Интернет, „Allegro“ направи импресивно деби во своето котирање на берзата, пишува „Forbes“.

Растот е 62,8% над цената по која е понудата од 43 злоти, или 11,40 долари.

За време на трговската сесија беше пријавено дури и зголемување на 71 злоти, или скоро 19 долари по акција.

Растот ја зголеми и проценката на компанијата, од 11,7 милијарди долари на нешто повеќе од 19 милијарди долари.

Првичната јавна понуда (IPO) го разбуди интересот и на физичките лица и на институционални инвеститори, вклучително и инвестициски фондови, пензиски друштва и слични, бидејќи учеството на трговијата преку Интернет во Полска продолжува да расте.

Податоците на „SimilarWeb“ покажуваат дека „allegro.pl“ е четвртата најпопуларна страница во Полска, пред само „Google“, „YouTube“ и „Facebook“.

Уште повеќе, „SimilarWeb“ ја рангира „Allegro“ на 14-тото место меѓу најпопуларните платформи за трговија преку Интернет во светот.

Во последните 12 месеци, „Allegro“ објави 32 милиони купувања месечно, успевајќи да поврзе повеќе од 12,3 милиони купувачи со 117.000 трговци на мало.

Според „Allegro“, нивната платформа на пазарот привлекува внимание на 63% од населението во Полска над 16 години, како и 76% од вкупното население на Интернет во земјата.

Полска е на петтото место меѓу најголемите земји во Европа, со моментално население од 38 милиони жители.

Другите полски компании, како што е „Answear.com“, која нуди облека преку Интернет, провајдерот за мобилни апликации „Huuuge“ и платежна ТВ платформа „Canal+ Polska“, исто така, се очекува да дебитираат на полската берза подоцна во 2020-та година, објавија локалните медиуми.

Профитот на „Allegro“ за 2019-та година изнесува 606 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП