20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ700 компании од регионот обучени за претприемништво преку проектот БалканМед ИННОВА

700 компании од регионот обучени за претприемништво преку проектот БалканМед ИННОВА

ПСМ Фондација заедно со проектниот конзорциум во состав на проектот „Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации“ (БалканМед ИННОВА) успешно ги реализираше проектните активности преку кои обучи и ги зајакна капацитетите на повеќе од 700 компании во регионот.

Проектот кој започна во 2017 година имаше за цел низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постоечки мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијални стартапи.

Проектот беше насочен кон претприемачите, а целта беше да се здобијат со нови знаења и вештини и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

Дел од активностите кои се имплементираа во состав на проектот вклучија анализа на потреби за креирање на севкупна програма за обука, беше креирана онлајн школа за претприемништво за млади лица и претприемачи која содржи 5 курсеви бесплатни за следење (ИКТ, туризам, енергија и животна средина, агробизнис и претприемништво) кои ги проследија 700 компании од регионот.

Дополнително беа организирани бројни конференции и настани и вебинари за компании во раст кои ги посетија повеќе од 200 учесници само во Македонија.

Една од клучните активности на проектот беше акцелераторската програма за која во Македонија се пријавија 200 млади лица со идеи за почнување бизнис, на која на најдобрите 5 им беа доделени и грантови по 4.000 евра (вкупен фонд од 20.000 евра).

Акцелераторската програма вклучи 5 фази, односно прва фаза – пред-акцелераторска програма со одржани вебинари за генерирање на бизнис идеи, втора фаза за подготовка на бизнис канвас, третата фаза во која се вршеше селекција на 10 најдобри бизнис идеи, по што во четвртата фаза истите беа менторирани од експерти во областа за развој и конечно, петтата фаза бизнис план натпревар, каде 5 најдобрите идеи добија финансиска поддршка за почнување на нивните бизниси.

Конечно, се одржа и дводневна онлајн финалната конференција за проектот на која учествуваа панелисти од партнерските организации од Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар, како и претставници на компании и граѓанскиот сектор. Дел од темите за кои се зборуваше беа интелектуална сопственост, улогата на ИКТ во руралниот развој, туризмот во период на Ковид-19 и интернационализација на стартапи преку Мрежата на бизнис можности (www.een.mk).  

Активностите беа спроведени преку проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП