Владата ја промени одлуката за патување на македонските граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Поради влошувањето на состојбата со Ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во овие земји нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез.
Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

