21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ покрај зголемената побарувачка за пица, кварталниот профит на „Domino's“ беше разочарувачки

И покрај зголемената побарувачка за пица, кварталниот профит на „Domino’s“ беше разочарувачки

„Domino’s Pizza“ објави помал профит од очекуваниот, откако високите трошоци за ковид-19 и бонусите на вработените го избришаа резултатот од зголемената побарувачка за пица за време на кризата со коронавирусот.

Цената на акцијата на компанијата, која од почетокот на годинава порасна за околу 47%, сега падна за 6,5%.

Најголемиот ланец на пицерии во светот забележа успех за време на здравствената криза, бидејќи луѓето остануваа повеќе дома и бараа повеќе т.н. „удобна храна“. Сепак, ова што се случуваше влијаеше на компанијата, која потроши милиони за да ангажира повеќе вработени, да плати повеќе бонуси и боледувања, како и да ги пополни своите капацитети со повеќе средства за лична хигиена.

Сепак, продажбата во рестораните на „Domino’s“ во САД, кои се отворени повеќе од една година, порасна за 17,5 проценти во третиот квартал, кој заврши на 6-ти септември. Со ова тие го надминаа предвидениот скок од 13,14%, предвиден од „Волстрит“, според податоците на „Рефинитив“.

Продолжението на спортските шампионати, како што се оние на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната хокеарска лига, исто така, ја поддржаа побарувачката за пици и пилешки крилца.

„Domino’s“ се фокусира на технолошките иновации и исто така го прошири своето мени со додатоци како пилешки тако и пица чизбургер за да ги држи клиентите подалеку од конкурентите како што се „McDonald’s“, „Papa John’s“ и „Pizza Hut“.

Компанијата пријави нето добивка од 99,1 милиони долари или 2,49 американски долари по акција, во споредба со 86,4 милиони долари или 2,05 долар по акција, од пред една година.

Аналитичарите очекуваа 2,79 долари за акција.

Вкупните приходи се зголемиле за 17,9% на 967,7 милиони долари, надминувајќи ја прогнозата од 953 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП