16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„LSE“ ја продава „Borsa Italiana“ на „Euronext“ за 4,3 милијарди евра

„LSE“ ја продава „Borsa Italiana“ на „Euronext“ за 4,3 милијарди евра

Лондонската берза (London Stock Exchange, LSE) во петокот објави дека ја прифатила понудата на европскиот берзански оператор „Euronext“ за аквизиција на миланската берза „Borsa Italiana“ во вредност од 4,325 милијарди евра, објави „Reuters“.

Информациите за претстојната зделка протекоа во четвртокот од германското специјализирано издание „Börsen-Zeitung“, што, сепак, укажа на пониска вредност од 3,75 милијарди евра.

„LSE“ влезе во ексклузивни преговори со „Euronext“ минатиот месец откако сопственикот на париската берза ги надмина ривалите „Deutsche Boerse“ и швајцарската „SIX“ во наддавањето за „Borsa Italiana“.

„LSE“ ја продава берзата во Милано како дел од регулаторните мерки за обезбедување на набавка на давателот на податоци „Refinitiv“, чии 45% се сопственост на „Thomson Reuters“.

Продажбата зависи од Европската комисија, која објави дека ќе го дозволи договорот за „LSE“ за „Refinitiv“ во вредност од 27 милијарди долари само ако се продаде цела или дел од „Borsa Italiana“.

„Веруваме дека продажбата на „Borsa Italiana“ ќе даде значителен придонес за надминување на загриженоста на ЕУ за конкуренција“, рече извршниот директор на „LSE“, Дејвид Швимер во изјавата.

Продажбата на „Borsa Italiana“ е политички чувствителна тема за италијанците бидејќи е сопственик на платформата за обврзници „МТЅ“, која служи за трговија на италијански државни обврзници во вредност од 2,1 трилиони евра

За да се обезбеди поддршка од италијанската влада, „Euronext“ соработуваше со државната агенција „Cassa Depositi e Prestiti“ и најголемата италијанска банка, „Intesa SanPaolo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП