3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБезжични слушалки, кои се поскапи од „AirPods Pro“

Безжични слушалки, кои се поскапи од „AirPods Pro“

Француската технолошка компанија „Devialet“ го објави својот прв нов производ по две години, пишува „CNBC“.

Комплетот безжични слушалки, наречени „Gemini“, ќе дебитираат на пазарите на 25-ти ноември, а цената во САД ќе биде 299 долари, во Германија и Франција ќе бидат достапни за 299 евра, додека во Велика Британија и Кина за 279 фунти и 2.380 јуани.

Пред-нарачките ќе бидат достапни од 10-ти октомври.

„Devialet“ е поддржана од Џеј Зи, како и најбогатиот Европеец – Бернард Арно. Французинот има богатство од 86,5 милијарди долари, што го рангира на петтото место меѓу најбогатите луѓе во светот.

Со цена од 299 долари во САД, „Gemini“ се далеку поскапи од „Samsung Galaxy Buds Live“, понудени за 169 долари и „AirPods Pro“ на „Apple“, кои се продаваат за 249 долари.

„Devialet“, која досега беше позната на пазарот по своите звучници до 3.000 долари, освои голем број обожаватели, заедно со извршниот директор на „Tesla“, Елон Маск.

Безжичните слушалки на компанијата нудат голем број опции, како што е 8-часовно траење на батеријата, безжично полнење и многу повеќе.

Компанијата се очекува да се соочи со посериозна конкуренција во САД, главно во лицето на „Apple“ и „Samsung“.

Во Кина, компанијата е попопуларна бидејќи соработуваше со „Huawei“ за производство на паметните звучници „Sound X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП