19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„EasyJet“ се подготвува за првата загуба во историјата

„EasyJet“ се подготвува за првата загуба во историјата

Британската авиокомпанија „EasyJet“ објави дека првата годишна загуба во нејзината историја може да достигне 845 милиони фунти (1,1 милијарда американски долари), бидејќи поради пандемијата, летовите биле само 25% од планираниот капацитет.

Авиокомпанијата даде сигнал на Владата дека можеби ќе и треба поголема финансиска поддршка.

Загубата пред оданочување за годината што заврши на 30-ти септември е дури и поголема од предвидените 794 милиони фунти.

Ова ќе биде прва годишна загуба на „EasyJet“ од основањето на компанијата во 1995-та година.

Поради нискиот проток на патници, европските авиокомпании ќе доживеат сериозни финансиски тешкотии.

Од „EasyJet“ велат дека сегашните ограничувања за патување значат дека компанијата ќе прелета само 25% од планираниот капацитет до крајот на 2020-та година. На такви нивоа и без очекувано скорешно закрепнување, финансиите на превозникот ќе бидат сериозно погодени. Извршниот директор Јохан Лундгрен во четвртокот ја повика Велика Британија да го засили пакетот за помош на авиокомпаниите.

За да ја преживее досега пандемијата, „EasyJet“ позајми 600 милиони фунти од Владата, укина 4.500 работни места, собра 608 милиони фунти од продажба на авиони и собра уште 419 милиони фунти од акционерите. Компанијата призна дека можеби треба да се преземат повеќе мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП