28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ: Годинава пад на економиите од 4,4 проценти, во 2021 се очекува...

СБ: Годинава пад на економиите од 4,4 проценти, во 2021 се очекува раст од 1,1 до 3,3

Економиите од регионот на Европа и Централна Азија годинава најверојатно ќе ја завршат со пад од 4,4 проценти, што е најтешка рецесија по глобалната финансиска криза од 2008 година, се вели во последното издание „Економски извештај за Европа и Централна Азија“ што денеска го објави Светска банка (СБ).

Во него се посочува дека во 2021 година се очекува раст на економиите од 1,1 до 3,3 проценти иако постојат ризици растот да биде и помал.

-Растот на економиите зависи од состојбата со пандемијата со коронавирусот Ковид-19, можноста за дистрибуција на вакцина и степенот на подобрување на глобалната трговија и инвестициите. Растот ќе биде послаб од очекуваниот доколку се зајакне пандемијата, стои во извештајот на СБ.

Пандемијата во 2020 година, стои во извештајот, се очекува да ја зголеми сиромаштијата во сите земји во регионот, а исто предизвика проблеми и во образованието и здравството. 

Целиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП