8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на „Jaguar XF“ зa 2021-ва (ФОТО)

Премиера на „Jaguar XF“ зa 2021-ва (ФОТО)

Британскиот производител по пет години го освежи актуелниот „XF“ модел.

„Jaguar“ ги објави фотографиите и техничките детали од редизајнираниот модел, а нов лик добија двете верзии – лимузината и караванот.

Покрај новите стилски детали, „Jaguar XF“ зa 2021-ва може да се пофали и со одредени технолошки подобрувања и новитети на полето на моторизацијата.

Надворешноста на автомобилот ја краси редизајнираната маска на ладилникот и новите фарови со „LED“ дневни дветла во форма на две стилизирани букви „J“.

Дизајнерите на „Jaguar“ воведоа промени и во изгледот на двата браници, а помали промени претрпеа и стоп-светлата.

Во кабината има целосно нов 11,4-инчен „HD“ екран за мултимедијалниот систем, кои за прв пат се појавуваат во еден модел на „Jaguar“.

Од компанијата велат дека екранот е значително поголем од претходниот, но и три пати посветол.

Истотака поедноставен е начинот на движење низ менито, па на возачот сега му е полесно да дојде до посакуваните функции и нивните подесувања.

Мултимедијалниот систем е стандардно опремен со „Apple CarPlay“ и „CarPlay“ системите за поврзување со смартфон уредите.

Купувачите на располагање имаат и 12,3-инчна дигитална инструмент табла која може да се конфигурира на повеќе начини, а тука е и „head-up“ дисплејот за побезбедно и пофокусирано возење.

Кога станува збор за моторите, повеќе во понудата не е „V6“ агрегатот. Наместо него на располагање се два 4-цилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинци, послабиот е со 260 КS и 365 Nm, и помоќниот 300 KS и 400 Nm.

Двете верзии се поврзани со исклучиво со 8-степен автоматски менувач.

Послабиот „Jaguar XF 2.0“ може да се нарача со заден или погон на сите 4 тркала, а помоќниот е достапен само со погон на сите тркала.

Во понудата е и 2.0-литарскиот турбо-дизел со 204 KS и 430 Nm, кој е поврзан со 8-брзински автоматик. Погонот стандардно е на задните тркала, а може да се добие и опција со погон на сите четири тркала.

Моделот со дизел мотор е опремен со т.н. „благ хибриден“ 48-волтен систем.

„Jaguar“ засега ја објави само цената на дизел верзијата, која во Германија ќе започнува од 49.909 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП