30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа мета на хакерите повеќе од 750 милиони телефони

На мета на хакерите повеќе од 750 милиони телефони

telefoni

Дури 750 милиони мобилни телефони во светот користат SIM картичка со програмска грешка поради која податоците на нивните сопственици би можеле да бидат изложени на закани за безбедноста.

Грешката на хакери им овозможува пристапи до личните информации и одобрување нелегални трансакции во рок од само неколку минути.

Познатиот германски хакер Карстен Нол за оваа грешка ја известил Меѓународната телекомуникациска унија на ОН, која ќе ги извести сите мобилни оператори.

Грешката се наоѓа на SIM картичката, поточно во пластичниот дел кој содржи информации за сопственикот. Овој дел досега се сметаше за најбезбедниот дел од SIM картичката кој досега не беше пробиен.

„Хакерите со SIM картички може се да сторат како и сопствениците на телефонот. Ако во вашиот мобилен телефон имате податоци за вашата „MasterCard“ или „PayPal“ број, сега го имаме и ние“, рече Нол и тврди дека тој и неговиот тим се обидувале со години да ги пробијат SIM картичките преку т.н. невидливи СМС пораки кои ги испраѓаат до мобилните оператори за да ги променат подесувањате во рамките на мрежата.

Нол исто така истакна дека не постои начин да се утврди дали и вашиот мобилен телефон бил загрозен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП