19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.10.2020

Дневен хороскоп 06.10.2020

Овен (21.03 – 20.04)

Денес би можело да ви се оствари и она за што мислевте дека е невозможно. Само не барајте премногу. Она што ви се нуди земете го и уживајте во него. Така ќе се чувствувате задоволно и исполнето. Идеален ден за одличен помин со партнерот, можно е и мало патување ако времето и финансиите ви го дозволат тоа.

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате да извршите пет задачи одеднаш а всушност сите ќе ги завршите до половина. Денес креативноста и продуктивноста ви се слаба страна. Не ги осудувајте колегите за задачите во кои учествувате и вие. Некој проблем од минатото повторно ќе се појави пред вашата врата.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе бидете нервозни поради неможноста да завршите некои планирани работи. Но нервозата може само да ви одмогне. Најдобро е да побарате помош од блиските, не се срамете да кажете дека не можете се да постигнете сами. Во вечерните часови ќе се слушнете со некоја драга личност од минатото.

Рак (22.06 – 22.07)

Во вас ќе постои енергија која ќе ве води во сите дневни случувања. Искористете ја денешна моќ да завршите некои нешта однапред. Ве очекува некоја новост која многу позитивно ќе влијае на вас. Ќе сакате се да земете во ваши раце, но не правете го тоа, оставете нешто и другите да сработат.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе сакате да се опуштите и да надоместите се она што ви недостасува. Иако емоциите ги криете длабоко во себе, вие сте многу емотивни и имате голема потреба од љубов. Овој ден сменете го местото каде што најчесто излегувате со друштвото. Може да ви се случи неочекувана љубов на место каде не очекувате некого да сретнете.

Девица (23.08 – 22.09)

Се чувстувате непријатно од премногу наметливите лица кои од вас очекуваат нешто што вие не сте во состојба да им го дадете, без оглед дали станува збор за некоја колегијална услуга или за пари. Добро се согласувате со некоја Шкорпија која е подготвена да ви излезе во пресрет за некое важно прашање. Ќе добиете поволна вест од некој Рак.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе добиете интересен предлог од женски член на фамилијата, кој за вас ќе биде чуден и сосема неприфатлив. Иако мислите дека предлогот е во најмала рака смешен, сепак земете го предвид и размислете. Во вечерните часови ќе добиете покана од некои колеги да излезете во некое кафуле.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Дружењето со еден необичен колега може да ви донесе корист. Тој ќе има предлог како да заработите надвор од работното време. Тоа многу ќе ви значи бидејќи ќе бидете во можност да го надополните тајниот фонд. Внимавајте, еден член од фамилијата може да открие дека нешто криете. Осигурајте се на најдобар можен начин за да немате непријатности.

Јарец (22.12 – 20.01)

Барате од партнерот или пријателите да ви дадат некоја конечна одлука, но тоа нема да биде така како што вие сте си го замислиле. Наместо со директен одговор ќе мора да се задоволите со нивната неодлучност и мал број на искажани зборови. Не инсистирајте некој да пресуди наместо вас. Тоа може да ги повреди сите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Можна е средба со Девица, Рак, Јарец или Шкорпија. Размената на идеи ќе ви донесе многу интересни информации за кои не сте размислувале до сега. Нема да знаете од каде да започнете, но не плашете се сите обврски ќе ви бидат завршени навреме.

Риби (20.02 – 20.03)

Можно е да ја сретнете старата љубов и повторно да почувствате нешто кон таа личност. Време е да ги прифатите промените во вашиот живот и се што поминало да го оставите зад себе. Новите нешта ви донеле поголема радост, па затоа не вреди да ги расипувате со спомените од минатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП