26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Airbus“: Планираме да укинеме минимум 15.000 работни места

„Airbus“: Планираме да укинеме минимум 15.000 работни места

Изгледите за авијацискиот сектор повторно се влошија поради ширењето на инфекцијата со коронавирусот и обновените ограничувања на патувањето.

Деловниот директор на „Airbus“, Мајкл Шелхорн предупреди на ова, сигнализирајќи дека „Airbus“ може да скрати повеќе работни места отколку што беше планирано.

Поради мерките за корона и стравот на патниците од пандемијата, секторот за воздушен транспорт ги намали капацитетите на минимум и го забави темпото на испорака на нови авиони.

„Ситуацијата е полоша на почетокот на есента отколку што компанијата процени ова лето“, рече Шелхорн во интервју за деловниот дневен весник „Хаделсблат“ во саботата.

„Планираме да намалиме 15.000 работни места, минимум“, рече тој.

Некои фабрики на „Airbus“ беа недоволно користени дури и пред пандемијата, а синдикатите стравуваат дека управата може да затвори цели фабрики.

Шелхорн ја исклучи таа можност, барем во Германија.

„Поточно, верувам дека во моментов ниту една фабрика не е во опасност“, рече тој.

Извршниот директор на „Airbus“, Гијом Фори, во септември рече дека ќе се обиде да избегне отпуштања од работа поради намалувањето на трошоците, но дека не може да гарантира дека тие ќе успеат.

Во писмо до вработените во септември, Фори предупреди дека „Airbus“ може да биде принуден на откази бидејќи темпото на закрепнување на воздушниот транспорт ги изневери очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП