26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple подготвува револуција: iPhone кој се поправа сам?!

Apple подготвува револуција: iPhone кој се поправа сам?!

Apple се пријави да го регистрира својот патент, а тие документи откриваат многу интересни идеи за идните телефони на оваа компанија.

Оваа пријава беше доставена уште во јануари, но дури сега се појави на виделина благодарение на порталот Patently Apple.

Apple наскоро планира да направи телефон на преклопување, што не е ништо ново во светот на телефоните. Сепак, во оваа пријава може да се види дека компанијата сака да направи iPhone со екран кој сам се „лекува“! Имено, тој уред ќе се поправа сам, што значи дека корисникот нема да мора да интервенира.

Во теорија, овој телефон кој може да се преклопува ќе ја активира поправката автоматски, кога се полни или кога е предвидено да се „прегледа“, и ќе користи топлина, светлина или електрична енергија за да ги поправи заштитните слоеви на екранот. Патентот посочува дека овој заштитен уред ќе користи и еластомерен слој кој може да ја изгуби и да ја врати својата форма со цел да се зачува чувствителниот внатрешен дел на уредот. Материјалот за овој концепт би направил трајна заштита за телефоните на преклопување.

На пазарот веќе има телефони што се преклопуваат, Samsung и Motorola имаат свои претставници, но идејата на Apple за екран кој сам се поправа дава единствена функција за вакви уреди. Ова не е прв пат да го видиме овој концепт. Едно време, LG се обиде со серијата G Flex 2013 да го претстави на светот овој концепт кој сам ќе го поправи задниот дел од телефонот, но тоа беше безуспешно.

Веројатно ќе треба да ја почекаме оваа технологија, но од друга страна, „Apple“ со години си „игра“ со телефони кои се преклопуваат, па не би се изненадиле доколку извадат еден за неколку години!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП