24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volvo“ подготвува уште помал кросовер

„Volvo“ подготвува уште помал кросовер

Шведскиот производител „Volvo“ ќе ја комплетира својата гама со мал кросовер, кој ќе го носи името „XC20“. Ова го објави „AutoExpress“, повикувајќи се на разговор со претседателот на компанијата Хакан Самуелсон.

Шефот на „Volvo“ открива дека новиот модел ќе биде изграден на платформата „СЕА“ на кинескиот концерн „Geely“. Нејзиниот прв автомобил беше концептот „Lynk & Co Zero“, претставен пред само неколку дена. Самата архитектура е направена за електрични автомобили, а ќе ја користат сите брендови во сопственост на „Geely“, вклучувајќи го и „Volvo“.

Тековната платформа „CMA“ што ја користи најмалиот модел на шведскиот производител во моментов, „Volvo XC40“, не може да се прилагоди за толку мал автомобил. Затоа е избрана „SEA“ шасијата за „XC20“, која исто така е разноврсна и ги намалува трошоците за производство.

Самуелсон додаде дека „XC20“ ќе работи само на електрична енергија и ќе стане дел од стратегијата на „Volvo“, која предвидува во 2025-та година половина од продажбата на брендот да биде електрични автомобили, а другата половина – хибриди. Затоа се претпоставува дека малиот кросовер ќе биде готов за 4,5 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП