24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Airbnb“ може да собере околу 3 милијарди долари за време на своето...

„Airbnb“ може да собере околу 3 милијарди долари за време на своето „IPO“

„Airbnb Inc.“, која стои зад истоимената платформа за изнајмување, планира да собере околу 3 милијарди долари во претстојната почетна јавна понуда (IPO), објави „Reuters“ повикувајќи се на извори запознати со оваа тема.

Компанијата врза вакви надежи од неочекуваното нагло закрепнување на својот бизнис откако пандемијата со Ковид-19 го погоди и туризмот.

Појавувањето на берзата на „Airbnb“ ќе биде едно од најголемите и најочекуваните во САД во 2020-та година, кој веќе има регистрирано неколку особено успешни „ИПО“, како што е дискографската куќа „Warner Music Group“, компанијата за анализа на податоци „Palantir Technologies“ и „Snowflake Inc.“.

Во август, „Airbnb“ официјално поднесе проспект за „ИПО“ до Комисијата за хартии од вредност. Компанијата со седиште во Сан Франциско соопшти дека бројот на акции и ценовниот опсег на понудата сè уште не се утврдени. „Airbnb“ се фокусира на насочување на своите акции на „Nasdaq“.

Компанијата има шанса да избере да одржи „IPO“ на њујоршката берза.

Тековниот план на „Airbnb“ е да се најде на списокот по претседателските избори во САД во декември.

Компанијата би можела да постигне проценка на пазарот над 30 милијарди долари на почетното наддавање, со извори што предупредуваат дека тоа зависи од условите на пазарот.

„Airbnb“ се приклучува на голем број компании насочени кон јавните инвеститори откако пазарот на „ИПО“ започна да го тресе стагнација предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП