Отсега па натаму, читањето на дланка не им преостанува само на бабите што гатаат и кои ќе ја предвидат вашата иднина, бидејќи „Amazon“ започна да тестира нешто слично за плаќање во продавниците.
Неговиот неодамна претставен систем за биометрика на дланка, наречен „Amazon One“, штотуку започна со тестирање во две продавници во Сиетл и наскоро може да се појави во сите продавници, стадиони, концертни сали, згради и можеби за отклучување стан наместо отпечаток, препознавање лице или скенирање на очите.

