8 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 03-04.10.2020

Викенд хороскоп 03-04.10.2020

Овен (21.03 – 20.04)

Загрижени сте поради некои проблеми кои претходно не сте ги имале. Не размислувајте негативно. На слободните ќе им се допадне некој Бик.

Бик (21.04 – 21.05)

Сериозно размислувате за работа во странство, но ве спречуваат семејните обврски. Пробајте подобро да ја проанализирате ситуацијата. Во љубовта кај слободните ќе се појави нова личност во нивниот живот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Подготвени сте да и се посветите на работата максимално и се останато да оставите на страна. Важно ќе ви биде да ги остварите вашите амбиции. Во љубовта ве очекува возбудлив викенд.

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку сте без работа, овој викенд е поволен за вас. Ќе добиете добра препорака и шанса за вработување. Во љубовта ситуацијата ви е стабилна, со партнерот сте на иста бранова должина.

Лав (23.07 – 22.08)

Сте сфатиле каква е состојбата на деловен план и сега знаете кои одлуки ќе ги донесете. Пред вас е предизвикувачки период. Во љубовта сакате да го задржите саканото лице покрај себе.

Девица (23.08 – 22.09)

Можно пред вас да е некоја важна одлука или од вас да се бара да изберете страна. Одлуката тешко ќе ви падне. Во љубовта ќе имате добар однос со саканото лице.

Вага (23.09 – 22.10)

Вие сте многу добри во својата работа и тоа сите искрено ќе ви го кажат. Ќе бидете пример за вистински добар работник. Во љубовта слободните ќе ја обноват врската со некој од минатото.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред вас се мали тешкотии кога станува збор за работата, но со доволно креативност ќе успеете да се снајдете. На љубовното поле ќе бидете многу емотивни и ќе сакате да бидете што подолго покрај партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сте доволно сконцентрирани и викендов не е баш најповолен за извршување на работни обврски. Во љубовта можно е да не бидете доволно заинтересирани за лицето кое постојано ви се додворува.

Јарец (22.12 – 20.01)

Под голем притисок сте и тешко ви е да донесете исправни одлуки кога така се чувствате. Потребно ви е повеќе време. Во љубовта очекувајте поддршка од саканото лице за се што ви е потребно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не би требало на себе си да си ставате поголеми обврски од оние кои веќе ги имате. Пробајте да се одморите малку. Слободните ќе мечтаат за совршен партнер, зафатените ќе уживаат со својот избраник.

Риби (20.02 – 20.03)

Прилично сте нервозни и тоа може негативно да се одрази на вашето деловно поле. Модифицирајте го своето однесување. Во љубовта ќе бидете во емотивна стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП