19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е првиот смартфон со „Android 11“

Ова е првиот смартфон со „Android 11“

Компанијата „Google“ вчера ги претстави своите „Pixel“ телефони, што ќе работат на „Android 11“, но тоа сепак не е првиот уред што почна да се продава со најновата верзија на оперативниот систем. „Vivo V20“ почна да се продава во Азија, а наскоро треба да се појави и на европскиот пазар.

Кинеската компанија нуди три модели „V20 SE“, „V20 Pro“ и стандардниот модел што ќе работи на „Snapdragon 720G“ чипсет, како и 128GB простор за складирање, што можете да го надградите со „microSD“ картичка. Големината на „OLED“ дисплејот изнесува 6,44 инчи, а уредот поседува и сензор за отпечатоци од прсти. Единствено не се познати за спецификациите за моделот „V20 Pro“.

Предната камера ќе има 44 мегапиксели, додека задниот модул го сочинуваат три камери, главна од 64MP, широкоаголна камера од 8 мегапиксели, како и една од 2 мегапиксела. Постојат информации дека во Индија ќе се продава модел со две предни камери, но треба да се почека официјална потврда. „V20 SE“ ќе има полоша камера во однос на стандардниот модел, 32 мегапиксели предна, 48MP задна камера, додека преостанатите две ќе бидат исти.

Батеријата на „Vivo V20“ има капацитет од 4.000 mAh и доаѓа со полнач што брзо се полни од 33 вати, a влезот е „USB-C“. Овој производител објави видео за индискиот пазар што покажува колку е тенок овој уред, а тежи само 171 грама. „Vivo 20“ ќе работи на „Android 11“ оперативниот систем, што го носи името „Funtouch“.

Овој паметен телефон ќе биде понуден во три бои, а неговата цена ќе биде околу 285 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП