25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„H&M“ планира да затвори 250 свои продавници ширум светот

„H&M“ планира да затвори 250 свои продавници ширум светот

Вториот по големина малопродавач на облека во светот, шведската „H&M“, објави дека планира да затвори 250 свои продавници ширум светот.

Ова ќе се случи следната година, откако компанијата соопшти дека пандемијата на коронавирусот пренасочи повеќе корисници кон купување преку Интернет.

Иако нејзината продажба продолжува да се опоравува во септември, таа е за 5% пониска отколку во истиот месец 2019-та година.

Компанијата има 5.000 продавници ширум светот.

Засега, сепак, „H&M“ вели дека е „рано за повеќе детали, бидејќи бројот на затворени продавници ќе варира од земја до земја“.

„H&M“ има право според договорот да преговара или да ги раскинува закупите на околу една четвртина од своите продавници секоја година.

Компанијата објави дека планира нето намалување од околу 250 од бројот на продавници во текот на следната година.

Профитот на компанијата пред оданочување падна на 2,37 милијарди шведски круни за девет месеци до 31-ви август, но бројките се подобри отколку што очекуваа аналитичарите.

Сепак, вкупно 166 од нејзините продавници ширум светот остануваат затворени, а голем број од оние кои работат сè уште се во согласност со некои локални ограничувања и имаат пократко работно време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП