20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UniCredit“ во моментов се држи настрана од аквизициите

„UniCredit“ во моментов се држи настрана од аквизициите

Засега, големата италијанска банка „UniCredit“ има намера да остане надвор од консолидација во европскиот банкарски сектор.

„Имаме јасна порака: нема спојувања и превземања“, рече извршниот директор на „UniCredit“, Жан-Пјер Мустиер, за време на онлајн конференција во рејтинг агенцијата „S&P“.

Банката ќе се фокусира на сопственото преструктуирање. „UniCredit“ најверојатно ќе го искористи вишокот капитал за откуп на акции ако регулаторите повторно им дозволат, објасни менаџерот.

Во минатото постојано се шпекулираше дека „UniCredit“ е заинтересирана за „Commerzbank“. Сепак, Мустиер секогаш потенцираше дека сака прво да ја преструктуира својата компанија пред да размисли за спојувања.

Набргу по стапувањето на функција во средината на 2016-та година, тој започна со преструктуирање во најголемата финансиска институција во Италија, која затвори илјадници работни места и бројни филијали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП