26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Disney“ ќе отпушти 28.000 вработени поради загубата од 4,7 милијарди долари

„Disney“ ќе отпушти 28.000 вработени поради загубата од 4,7 милијарди долари

„Walt Disney“ најави дека ќе отпушти 28.000 работници, претежно во американски тематски паркови.

„Disney“ го наведе ограничениот капацитет на посетители и неизвесноста за тоа колку долго ќе трае пандемијата на вирусот Ковид-19 како причина за отпуштањата, според британскиот јавен сервис „ВВС“.

„Донесовме многу тешка одлука да започнеме процес на намалување на работната сила во деловните сегменти Паркови, Искуства и Производи на сите нивоа“, рече Џош Д’Амаро, претседател на единицата за паркови.

Отпуштањата се однесуваат на „домашни вработени“, од кои околу 67 проценти работат со скратено работно време.

„Disney“ има и тематски паркови во Шангај, Хонг Конг, Токио и Париз, за ​​кои не се однесува оваа објава.

„Disney“ паркот во Хонг Конг беше отворен минатата недела, откако во јули по втор пат беше затворен поради нагло зголемување на бројот на заразени со вирусот Ковид-19.

Со исклучок на „Disneyland“ во Калифорнија, сите паркови на компанијата сега се повторно отворени, иако бројот на посетители е ограничен поради примената на мерката за социјално дистанцирање.

За три месеци до 27 јуни, „Disney“ изгуби 4,7 милијарди долари, приходите во секторите кои најавија намалување на работната сила да паднат за 85 проценти во споредба со истиот период во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП