26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците изгласаа забрана за работа на продавниците во недела

Словенците изгласаа забрана за работа на продавниците во недела

Продавниците во Словенија ќе бидат затворени во недела и празници, така одлучија членовите на парламентот. Измените и дополнувањата на Законот за трговија, за чие усвојување во Националното собрание во вторникот гласале 72 од 88 пратеници, со ретки исклучоци, се забранува работа на продавниците во недела и за празници.

Продавниците со продажна површина до 200 квадратни метри на бензинските пумпи, гранични премини, пристаништа, аеродроми, железнички и автобуски станици и болници се изземени од забраната, пренесува порталот “Индикатор”.

Исто така, во недела и државни празници ќе бидат отворени и преостанатите помали продавници со површина до 200 квадратни метри, доколку дејноста ја вршат трговски субјекти, односно нивни претставници, но и студенти и пензионери.

Прашањето дали продавниците треба да бидат затворени во недела и празници ја мачи јавноста во Словенија со децении. Со него се занимаваше Уставниот суд, а во септември 2003 година граѓаните беа прашани за тоа на референдум. Забраната за работа во неделата тогаш беше поддржана од нешто повеќе од 57 проценти од гласачите кои излегоа на гласачките места, потсетува Танјуг.

Стопанската комора на Словенија се противи на амандманите донесени вчера, и најави можност за проценка на уставноста на законското решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП