23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНАСА испраќа тоалет вреден 23 милиони долари во вселената

НАСА испраќа тоалет вреден 23 милиони долари во вселената

Санитарниот јазол што американската вселенска агенција ќе го испрати во вселената е секако еден од највредните, ако не и највредниот во светот. Станува збор за високотехнолошки производ, вреден 23 милиони долари, кој наскоро ќе лета со ракетата „Антарес“ сè до Меѓународната вселенска станица.

Во вселенскиот брод со кој ќе лета овој скап тоалет има и намирници за астронаутите.

Тоалетот е именуван како Универзален систем за управување со отпад (UWMS). Тој е 65 проценти помал и 40 проценти полесен од тоалетот што моментално го користат астронаутите, објаснува НАСА.

Потребата за тоа се појавила откако жените астронаути почнале да ја истакнуваат непрактичноста на сегашниот тоалет, односно конструкциските грешки на лентата за фиксирање на телото за да не одлебди од даската.

Исто така, новиот тоалет има многу поекономичен систем за претворање на урината во вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП