18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Lenovo“ го објави „ThinkPad X1 Fold“ - првиот лаптоп на преклопување (ВИДЕО)

„Lenovo“ го објави „ThinkPad X1 Fold“ – првиот лаптоп на преклопување (ВИДЕО)

Првиот преклопен компјутер во светот, „ThinkPad X1 Fold“, сега е достапен за нарачки, соопшти „Lenovo“. Преклопувањето е позната функционалност на паметните телефони, таблетите, а кај лаптопите е новитет што ветува промена на начинот на работа, играње и креативност.

„ThinkPad X1 Fold“ дефинира нова категорија компјутери со акцент на флексибилноста. Моделот се напојува од процесори „Intel Core“ со хибридна технологија развиена како дел од проектот „Athena“, и нуди опција за „5G“ за работа со новата генерација мобилни мрежи, плус подобрена заштита со безбедносните карактеристики на „ThinkShield“.

По пет години развој, „ThinkPad X1 Fold“ е првиот лаптоп од ваков вид што се прилагодува на новите модели за работа на далечина, канцеларија и хибрид. „OLED“-екранот има дијагонала од 13,3 инчи кога ќе се одвитка, и кога е преклопен, секоја половина е 9,6 инчи.

„ThinkPad X1 Fold“ формира нова категорија компјутери со акцент на флексибилноста.

И покрај сложениот механизам, преклопната „тетратка“ со целосно метално тело е прилично лесна – тежи само 999 грама. Конфигурацијата вклучува 8 GB RAM меморија LPDDR4X-4267 MHz и уред со цврста состојба SSD M.2 2242 со капацитет до 1TB, безжични модули Wi-Fi 6 и Bluetooth 5.1, модем 5G, USB-C порти, 5MP предна камера и батерија од 50 вати.

Лаптопот може да се надополни со додатоци како што е „Bluetooth“ мини-тастатура за преклопување, „Lenovo Mod Pen“ за водење белешки и потписи и „Lenovo Easel Stand“ за поставување на работна маса.

Цените на „ThinkPad X1 Fold“ со оперативниот систем „Windows 10“ започнуваат од 2.499 американски долари на американскиот пазар, додека во Европа лаптопот ќе се продава по почетна цена од 2.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП