24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Honda“ покажа електрично крос-купе

„Honda“ покажа електрично крос-купе

Јапонскиот производител се обидува да ги достигне автомобилските компании кои со години имаат еден или повеќе електрични модели, во време на големото ширење на електричните автомобили ширум светот.

За разлика од „Nissan“, кој веќе една деценија успешно го продава електричниот модел „Leaf“, другите јапонски производители, вклучително и „Honda“, малку заспаа.

Оваа година, „Honda“ го лансираше првиот електричен производствен модел, градскиот модел „Е“, а сега го претстави и концептот на првиот електричен коросовер.

„E:concept“ кој дебитираше во Пекинг, исто така ја покажува насоката во која ќе се движи јапонскиот производител во иднина, велат од компанијата.

Кога ќе се појави производната верзија на овој автомобил на пазарот („Honda“ не го прецизираше датумот), овој теренец ќе се бори на пазарот за клиенти во растечкиот сегмент на електрични теренци и кросовери.

Таму ќе го пречекаат модели како што се „Nissan Ariya“ и „Tesla Model Y“, но и многу други чии премиери се веќе најавени.

Технички детали и спецификации на „Honda е:concept“ за електричниот погонски систем сè уште не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП