8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Caesars“ и „Apollo“ влегуваат во битката за „William Hill“

„Caesars“ и „Apollo“ влегуваат во битката за „William Hill“

Вистинска битка за аквизиција се води за британскиот провајдер на обложувалници „William Hill“, откако „Caesars Entertainment Inc.“ рече дека бордот на „William Hill Plc.“ најверојатно ќе им препорача на акционерите да ја прифатат понудата за преземање од 2,9 милијарди фунти (3,7 милијарди долари).

Оваа понуда веројатно ќе го постави „Caesars“ на една позиција напред во потенцијалната војна на наддавање со „Apollo Global Management Inc.“.

Британската компанија за коцкање потврди дека добила понуди од двете компании откако „Bloomberg“ го објави интересот на „Apollo“ во петокот. Понудата на „Caesars“ беше 57,6% над цената на затворањето на „William Hill“ на 1 септември, ден пред нејзината прва понуда.

„Можноста да ги комбинираме нашите физички казина, спортски обложувалници и игри на интернет во САД е навистина возбудлива перспектива“, рече извршниот директор на „Caesars“, Том Риг.

„William Hill“ е партнер на „Caesars“ и двајцата веќе разговараа за спојување на некои од нивните операции во САД, каде британската обложувалница се обидува да се прошири по легализацијата на спортските обложувалници од Врховниот суд во 2018-та година. „Caesars“ веќе заврши со длабинска анализа за потенцијална зделка за „William Hill“, се вели во нејзината изјава. Во Соединетите држави, британската обложувалница има право да понуди спортски обложувалници во 54 казина на „Caesars“ во замена за 20% удел во американскиот огранок на „William Hill“.

Договорот првично беше потпишан помеѓу „William Hill“ и Ел Дорадо, кои се споија со „Caesars“ во јули оваа година.

Од „Caesars“ би можеле да прекинат некои од тие партнерства со „William Hill“ доколку ја загубат битката, соопшти компанијата во понеделникот. Има право „да ги прекине правата за пристап на пазарот на мобилни компании во заедничкото американско претпријатие и правата за спортско обложување во просториите на „Caesars“ обезбедени од компанијата, доколку „Apollo“ го купи „William Hill“, се вели во соопштението.

„Apollo“ ја даде својата првична писмена понуда на 27-ми август, по што и откупната компанија и „Caesars“ дадоа дополнителни понуди, објави „William Hill“ во изјавата во петокот. Двете заинтерсирани страни имаат рок до 23-ти октомври да објават дека имаат намера да дадат официјална понуда или да се повлечат според правилата за преземање во Велика Британија.

Од „Apollo“ и „William Hill“ одбија да коментираат за темата надвор од официјалните изјави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП