5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

Њујорк го задржа првото место на светскиот ранг на финансиски центри, а Лондон го консолидираше своето второ место пред целосното излегување на Велика Британија од Европската унија, според истражувањето објавено во петокот.

Индексот на глобалните финансиски центри (GCFI) се заснова на истражување спроведено од групацијата „Z/Yen“ во партнерство со Кинескиот институт за развој и вклучува истражување на 8.549 експерти во финансискиот сектор и нивни над 54.500 рејтинзи.

Финансиските експерти ја проценуваат политичката стабилност, регулаторната средина, достапноста на квалификувани работници, квалитетот на животот, инфраструктурата, достапноста на капитал, ликвидноста на пазарот, угледот и културната разновидност.

„„GFCI 28“ покажува зголемена доверба во водечките финансиски центри, но исто така и општ пад на довербата во другите центри“, рече Мајкл Мајнели, извршен директор на „Z/Yen“.

Резултатите од индексот покажуваат поголеми осцилации како резултат на несигурноста поврзана со трговијата, политичката стабилност и економското влијание на пандемијата на корона вирусот, додаде Мајнели.

„Новите начини на работа го оспоруваат концептот на традиционален финансиски центар. На пример, гледано од физичка перспектива, Ковид-19 има разорни економски последици за Лондон, но финансиските услуги на југо-истокот на Англија поминаа добра година“, стои во соопштението.

Шангај го престигна Токио на ранг-листата и го зазеде третото место, додека петтото и шестото место им припаднаа на Хонг Конг и Сингапур.

Иако Лондон во најновото истражување го намали јазот со Њујорк, некои испитаници сметаат дека Брегзит може да ја намали привлечноста на британскиот капитал на краток и среден рок, што глобалните банки досега го користеа како влезна точка во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП