20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај...

Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување во ова тримесечје, односно во април, мај и јуни годинава е забележано во сите сектори, но најголемо е во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – за 77,7 отсто и во секторот Административни и помошни услужни дејности – за 63,4 отсто.

Намалување од 28,4 има во секторот Трговија на големо и трговија на мал, поправка на моторни возила и мотоцикли, 34,8 отсто кај Транспорт и складирање, 23,8 во секторот Информации и комуникации, 25,9 во Дејности во врска со недвижен имот, 30,8 во Стручни, научни и технички дејности, 63,4 отсто во Административни и помошни услужни дејности. Статистиката забележува намалување на прометот во Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив од 99 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП