26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските производи ќе се продаваат во Индонезија

Македонските производи ќе се продаваат во Индонезија

supermarket

Еден од најголемите хипермаркети во Индонезија избра 20 македонски производи кои треба да поминат одредени тестирања пред да стигнат до потрошувачите.

Ова го изјави извршниот директор на Македонскиот совет за надворешна трговија во регионот Азија-Пацифик, Владимир Кофчегарски.

Според Кофчегарски, за македонските производи со Халал сертификат Индонезија е голем пазар, и е убеден дека на почетокот на следната година македонските производи ќе влезат на пазарот.

Во Индонезија беа презентирани и инвестициските потенцијали на Македонија.

“Имавме средба со некои потенцијални инвеститори, каде што ја претставивме Македонија како одлична дестинација, односно како влезна врата на индонезиските компании во Европа. Веќе добивме најави за посетата на есен оваа година”, рече Кофчегарски.

Инаку, со Индонезија, Македонскиот совет за надворешна трговија во регионот Азија-Пацифик, го заврши дво-месечното роуд шоу во Филипини, Тајланд, Виетнам, Малезија и Индонезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП