Google бара менаџер за продажба со познавање на словенечки, хрватски или српски јазик, а во иднина оној кој ќе биде најдобар ќе се најде во европското седиште на Google во Даблин.
На конкурсот објавен пред четири дена, кој се уште е отворен, се наведува дека освен познавање на овие јазици и универзитетска диплома, кандидатите меѓу другото мора да имаат претходно искуство во продажба, смисла за брзо решавање на проблеми, добри комуникациски вештини и способност да водат тимови.
Среќникот кој ќе ги исполни критериумите на конкурсот ќе биде задолжен за клиентите кои се рекламираат на Google, ќе ги решава нивните проблеми и ќе изнаоѓа најдобри решенија кога станува збор за онлајн рекламирање. Деталите може да ги видите на Google Jobs.