петок, 9 декември 2022
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Samsung Galaxy F41“ пристигнува на 8-ми октомври

„Samsung Galaxy F41“ пристигнува на 8-ми октомври

„Samsung“ минатата недела ја најави новата „Galaxy F“ серија на телефони, а сега „Flipkart“ открива дека „Galaxy F41“ ќе биде претставен на 8-ми октомври, како прв телефон на оваа линија.

Промотивната страница за „Galaxy F41“, која е поставена на „Flipkart“, го открива и дизајнот на уредот, а потврдува и некои од спецификациите: „sAMOLED Infinity-U“ дисплеј, три камери на задната страна, сензор за отпечаток на прстот и 6000mAh батерија.

Другите спецификации на телефонот понатаму ќе бидат потврдени, но корисничкото упатство укажува на два звучници, додека една од трите камери ќе има ултраширок сензор.

„Galaxy F41“ е забележан на „Geekbench“ со „Exynos 9611“ чипсет и 6GB RAM. Се очекуваат и две опции за складирање на содржина и три верзии на боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП