4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе бидат вложени 110 милиони евра во железничката инфраструктура

Ќе бидат вложени 110 милиони евра во железничката инфраструктура

pruga

Во железничката инфраструктура во изминатите десет до петнаесет дена се придвижија многу работи. Се работи за повеќе проекти со вкупна вредност од околу 110 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски денеска по отворањето на Аква Паркот во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање за инвестициите во железница, Груевски истакна дека еден од најсвежите примери е проектот за набавка на вагони, како товарни така и патнички односно 150 товарни вагони во износ од 15 милиони евра како и шест сетови на патнички вагони во вредност од 25 милиони евра. Според него, има уште еден дел за реконструкција на железницата во рамки на овие 50 милиони евра.

– Исто така 2,5 милиони евра е реконструкцијата на железничката станица во Скопје, која практично никогаш досега не е реконструирана од кога е изградена. Можеби и еден од круцијалните проекти е првата фаза од железницата кон Бугарија, а тоа е Куманово – Бељаковце, за која што веќе се распиша тендер за изведба и се распиша тендер за проектирање на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка, појасни премиерот Груевски.

Сите проекти заедно и проектот за реконструкција на уште една делница во оној дел накај Неготино, информира тој, изнесуваат околу 110 милиони евра, договори потпишани во изминатите десет – петнаесет дена.

– Се ова е ветено во нашата програма на изборите така што ние си одиме според тоа што сме го ветиле, потенцира премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на првиот Аква парк во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП