26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕвтина „Nokia“ која нуди многу повеќе за цената (ВИДЕО)

Евтина „Nokia“ која нуди многу повеќе за цената (ВИДЕО)

Никој не очекува ништо специјално кога се во прашање евтините „Android“ телефони, освен да биде можно да се телефонира, да се испраќаат пораки и да се користи по некоја апликација.

Сепак, размислете уште еднаш, бидејќи моделот кој само што се појави и чини околу 120 евра нуди далеку повеќе од очекувањата, вклучувајќи и три години „Android“ безбедносни ажурирања.

Станува збор за моделот „Nokia 2.4“. Овој уред доаѓа во конфигурација со 3 GB RAM и 64 GB простор за складирање и 2 GB RAM и 32 GB меморија, со „Dual SIM“ поддршка и „microSD“ слот за картички за проширување на интерната меморија до 512 GB. Чипсетот е „MediaTek Helio P22“, но овој пат, за разлика од моделот „Nokia 2.3“, станува збор за осмојадрен процесор. „IPS LCD“ екранот на телефонот е со дијагонала од дури 6,5 инчи, со „HD+“ резолуција, односно 1.500 x 720 пиксели и однос на страници 20:9.

Смартфонот има батерија со капацитет од дури 4.500 mAh, која овозможува дури два дена работа без полнач, а самото полнење е опцијата на која „HMD Global“ најмногу штедел – брзината на полнење е само пет вати, а полнењето се врши преку застарениот „micro USB“ приклучок.

Телефонот доаѓа со прочистениот „Android One“ оперативен систем, во верзија 10, а ќе биде надграден и на следните верзии „Android 11“ и „Android 12“.

Камерите се исто така унапредени за оваа класа, па главната задна има резолуција од 12 мегапиксели, додека помошната портрет камера има два мегапиксела. Новата генерација „Nokia 2.4“ телефони донесува и модерни карактеристики како што се напредно фотографирање со поддршка на вештачката интелигенција, што содржи посебен „Ноќен режим“ и „Портрет едитор“, кој нуди можност за уметничко уредување на фотографиите со помош на своите прилагодени облици и заматени позадини – дури и по сликањето на фотографијата.

Телефонот ќе се најде во продажба од октомври по препорачана цена од 120 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП