18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Renault“ ќе понуди хибридно крос-купе во Европа

„Renault“ ќе понуди хибридно крос-купе во Европа

Францускиот бренд „Renault“ реши да ги израдува своите обожаватели во Европа нудејќи им го купе кросоверот „Arkana“, кој беше развиен за пазарот во Русија и предизвика голем интерес кај потрошувачите.

Европската верзија на кросоверот ќе се продава на Стариот континент во неколку различни верзии, вклучувајќи хибриден „E-TECH“ и спортски „R.S. Line“ со уште поспецифичен и подинамичен дизајн. Идејата на раководството на „Renault“ е со палетата „Arkana“ да се здобие со целосен изглед, истовремено задоволувајќи го зголемениот интерес за „SUV“ моделите.

Внатрешноста на новиот „Renault Arkana“ е исто така насочена кон семејства, како во однос на просторот, така и според обемот на товар. Кросоверот е опремен со еден од најголемите дисплеи во својата категорија, а благодарение на неговите два екрани, моделот нуди високотехнолошки кокпит кој нагласува квалитет и удобност.

Моделот е опремен со хибриден погонски систем „E-TECH“, кој се потпира на 140 KS. Достапен е кај моделите „Clio“ и „Captur“, а создаден е благодарение на искуството на „Renault“ во областа на електричните возила и Формула 1. Моделот исто така ќе се нуди со варијанти со мотор од 1,3-литарски „TCe“ кој развива 140 или 160 KS, a кој работи со микрохибридни мотори од 12 волти.

Продажбата на „Renault Arkana“ во Европа ќе започне во првата половина на 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП