16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРаспродажба во Астон Мартин

Распродажба во Астон Мартин

100227-aston martin 1

Не е во прашање никаква летна акција, ниту тотална распродажба пред „клуч на брава“ на овој престижен британски производител, туку станува збор за продажба на два тркачки модели на Астон Мартин кои своевремено учествуваа на трката 24 часа Ле Ман.

Првиот автомобили е Астон Мартин „V8 Vantage GTE“ еден од моделите кој во 2012-та година настапи на Ле Ман. Поголем успех не беше постигнат поради тоа што автомобилот мораше да се повлече од трката поради технички проблеми.

Вториот Астон Мартин е многу егзотичен, а станува збор за „DBR 1/2“, познат како „Lola-Aston Martin B09/60“, прототип во рамките на „LMP1“ класата каде настапуваше од 2009-та до 2011-та година. Моделот од оваа класа го придвижува 6.0 литарски V12 агрегат.

100228-aston martin 11

Цената за секој од понудените примероци изнесува 380.000 долари, а како бонус, и двата модели доаѓаат со познатата „Gulf Racing“ сино-портокалова боја.

Доколку сметате дека ова е идеална понуда за вака познати автомобили, веднаш да ве разочараме, затоа што двата автомобили се изработени исклучиво за промотивни цели без главните механички компоненти, т.е. моторот и менувачот, па затоа цената е толку „прифатлива“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП