7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСони прави објектив кој се „закачува“ на телефон

Сони прави објектив кој се „закачува“ на телефон

soni

Неодамна се појавија гласини кои тврдат дека Сони работи на нешто наречено „објектив камера“. Станува збор за објектив кој може да се користи самостално или да биде прикачен на паметен телефон.

Објективот слики ќе ги испраќа по пат на „WiFi“ или „NFC“ директно на телефонот, а корисниците ќе можат со помош на специјален магнетен систем да ги постават на паметните телефони и во живо да ја видат сликата на телефонот.

Се очекува објективот да има своја меморија и батерија, а се споменува и истиот сензор кој го поседува камерата „Sony DSC-RX100 II“- 1 инчен 20.2MP Exmor R со f/1.8 Carl Zeiss оптика.

Сони исто така би можел да работи и на уште еден модел со помал сензор и поголем зум.

Нешто многу слично на ова што го работи Сони се појави во 2011-та година, а тогашниот концепт можете да го погледате на видеото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП