16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦената на акциите на „HSBC“ достигна најниско ниво во последните 25 години

Цената на акциите на „HSBC“ достигна најниско ниво во последните 25 години

Акциите на „HSBC Holdings Plc“ забележаа пад на нивната вреднос под нивното ниво од последната финансиска криза пред повеќе од една деценија. Притисокот врз компанијата се зголемува на неколку фронта, вклучително и потенцијална закана за нејзините планови за проширување во Кина.

Акциите на лондонската банка, котирани во Хонг Конг, паднаа во понеделникот под најниското ниво од март 2009-та година и достигнаа 29,35 долари во Хонг Конг. Ова е нивно најниско ниво од 1995-та година, информира „Bloomberg“. Од почетокот на годината тие избришаа 51% од нивната вредност.

Најголемата европска банка е можен кандидат за „списокот на несигурни субјекти“ во Кина насочена кон казнување на компании, организации или поединци кои претставуваат закана за националната безбедност, изјави кинескиот весник на Комунистичката партија за „Global Times“ во саботата. Санкциите вклучуваат ограничувања на трговијата, инвестициите и визите за компании, земји, групи или лица на списокот.

„Доколку компанијата биде прогласена за неверодостојна од Кина, што се чини сигурно од написот на „Global Times“, банката ќе се соочи со многу потешкотии при водењето бизнис во Кина“, рече Бени Лам, раководител на истражување во „CEB International Investment Corp.“

„Можеби имаат проблеми со проширување на нивниот континентален бизнис откако толку многу инвестираа таму во последните неколку години“, додаде тој.

„HSBC“ одби да го коментира написот на „Global Times“. Во соопштението од банката во понеделникот, како одговор на извештајот на „ICIJ“, се вели: „Од 2012-та година, „HSBC“ направи долго патување за да ја прегледа својата способност да се бори против финансискиот криминал во повеќе од 60 јурисдикции. „HSBC“ е многу побезбедна институција отколку во 2012-та година“.

„HSBC“ сега ризикува уште поголеми потешкотии во услови на политички немири и економски колапс на својот најголем пазар, Хонг Конг. Банката се соочува и со проблеми поради ниските каматни стапки и зголемените загуби на заемите предизвикани од глобалната пандемија.

Извршниот директор на „HSBC“, Ноел Квин, кој ја презеде должноста директор на банката во март, издаде силно предупредување за идните потешкотии, известувајќи дека профитот на компанијата во првата половина е преполовен и предвидува големи загуби кај кредитите оваа година. Квин рече дека банката ќе се обиде да ги забрза своите глобални операции.

Акциите на „HSBC“ забележаа многу поостар пад од оние на нејзините најголеми конкуренти во оваа година, како што се акциите на „Citigroup Inc.“ и „JPMorgan Chase & Co.“ кои паднаа за 44% и 29% соодветно.

На почетокот на оваа година, „HSBC“ го навлече гневот на своите најверни инвеститори во Хонг Конг откако ги откажа исплатите на дивиденда како одговор на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП