23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа овие телефони најбргу им паѓа цената: Дали и вашиот е меѓу...

На овие телефони најбргу им паѓа цената: Дали и вашиот е меѓу нив?

Кога вашиот мобилен телефон ќе ви здодее, или ќе излезе нов модел кој долго сте го чекале, нема ништо необично во тоа да го продадете вашиот моментален уред, да додадете пари, и да го купите тој што го сакате. Меѓутоа, дали знаете на кои телефони најбргу им паѓа цената?

Компанијата „Decluttr“ објави интересно истражување, па на основа на нивната статистика можеме да видиме на кои телефони најбргу им паѓа цената, па за некои од нив по една година можете да добиете половина од првичната цена која сте ја платиле.

Прво што може да се забележи е тоа, кога новите „iPhone 12“ модели ќе пристигнат на пазарот, покрај останатите „iPhone“ уреди цената ќе падне за 15%. На годишно ниво, инаку, на „iPhone“ моделите цената им паѓа во просек од околу 42%.

„OnePlus 7 Pro“, од друга страна, за една година ќе биде околу 63% поевтин од својата првична вредност.

Мобилните телефони кои чинат повеќе од 900 долари губат околу половина од својата вредност (51%) во првите шест месеци, а оние кои чинат меѓу 700 и 800 долари губат околу 56% од цената. Oние телефони кои чинат помалку од 700 долари ќе бидат околу 64% поевтини по шест месеци. По една година, вредноста на овие телефони паѓа уште неколку проценти.

Телефонот на кој најбргу му паѓа цената е „OnePlus 5“, кој за една година ќе изгуби 91% од својата вредност, а тука се уште и „Google Pixel 2“ (77%), „OnePlus 6“ (75%) и „Google Pixel 3“ (73%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП