6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаздата им се заблагодари на вработените со 13 милиони фунти

Газдата им се заблагодари на вработените со 13 милиони фунти

Шефот на компанијата ќе подели 10 милиони фунти (12,91 милиони долари) меѓу вработените како подарок за неговото пензионирање.

Подарокот од извршниот директор на „Admiral“ Дејвид Стивенс и неговата сопруга Хедер ќе биде поделен помеѓу 7.500 вработени во Јужен Велс и 3.000 во странство, информира „ВВС“.

Вработените со полно работно време во компанијата ќе добијат 1.000 фунти (1.291 долари), а остатокот по 500 фунти (645 долари).

Стивенс, кој заедно со својата сопруга ја основаа компанијата за осигурување за автомобили со седиште во Кардиф, во 1991-ва година изјави дека е „горд и среќен што работел со толку посебна група на луѓе“.

„Ова е вистинската работа да се направи за да им изразам благодарност на сите вработени во „Admiral““, рече тој.

„Нивната напорна работа и посветеност му дозволија на „Admiral“ да прерасне од стартап во компанија со над 11.000 вработени ширум светот. Компанијата беше одлично место за работа цело време. Мојата сопруга и јас им благодарам на сите во „Admiral“, вели Стивенс.

Поранешниот извршен директор и ко-основач Хенри Енгелхард направи сличен гест и обезбеди 1.000 фунти за вработените кога се пензионираше во 2016-та година или вкупно околу 7 милиони фунти (9,04 милиони долари).

Кога беше основана, „Admiral“ продаваше автомобилско осигурување преку телефон во Кардиф со тим од само 57 луѓе.

Нејзините други канцеларии во Велика Британија моментално се наоѓаат во Свонси и Њупорт, како и канцелариите во Шпанија, Италија, Франција, Канада, САД и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП