25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕвропејците би сакале да станат киборзи: Каква иднина не чека?

Европејците би сакале да станат киборзи: Каква иднина не чека?

Човековата агументација (зголемување) е процес на подобрување на човечкото тело со помош на технологија. Поголемиот дел од Европејците кои учествуваа во едно истражување потврдија дека, доколку им се даде можност, тие би смениле нешто на себе.

Анкетата нарачана од компанијата „Kaspersky“ откри дека 92% од луѓето би смениле нешто во нивниот физички изглед. Скоро две третини би размислиле или за трајна или привремена агуметација на телото со технологија, со цел да се подобрат.

Во студија во која биле вклучени 14.500 возрасни лица од 16 земји во Европа и Северна Африка покажа дека граѓаните на Унгарија ќе бидат меѓу првите што ќе размислат за ваков чекор (96%), додека Британците (33%) последни ќе одлучат. Некои испитаници дури изразија желба да ги поврзат паметните телефони со нивните тела.

Мнозинството од испитаниците изјавиле дека би сакале човечката агументација да се употребува во корист на човештвото, а 53% од луѓето изјавиле дека треба да се користи за подобрување на квалитетот на животот. Според нивното мислење, целта на секоја агументација на човекот треба да биде подобрување на целокупната здравствена состојба (40%) или видот (33%).

Истражувачите, исто така, забележале одредена неподготвеност кон овој процес, бидејќи 69% од испитаниците изјавија дека се плашат дека тоа ќе биде само за богатите, додека девет од десет лица (88%) изјавија дека стравуваат дека сајбер криминалците можат да ги хакираат нивните тела.

Концептот за агументација (зголемување) на човекот порано беше исклучиво дел од научната фантастика. Сепак, процесот на подобрување или пресоздавање на нашите физички и ментални способности доби важност бидејќи дигиталната технологија стана сè поважен дел од нашето секојдневие.

Можноста за зголемување заради создавање на попривлечно тело беше примамлива за повеќе од една третина од жените (36%) и само за една четвртина од мажите, додека мажите беа позаинтересирани за подобрување на нивната сила (23%) отколку жените (18%).

Интересно е и тоа што скоро половина од испитаниците сметаат дека владите треба да го регулираат зголемувањето на човекот – дури 47% од нив. Граѓаните на Велика Британија најсилно ја поддржуваат владината интервенција (77%), а најмала поддршка за ваквата акција е забележана во Грција (17%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП