19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ferrari“ го модернизираше својот најдостапен модел (ФОТО/ВИДЕО)

„Ferrari“ го модернизираше својот најдостапен модел (ФОТО/ВИДЕО)

Италијанскиот производител „Ferrari“ го обнови најприфатливиот модел во својата гама – купе-кабриолетот „Portofino“. Промените во возилото се главно во техничкиот дел, бидејќи тој доби додаток „М“ на своето име, односно „Modificato“.

Новитетите во дизајнот се минимални, бидејќи влијаат на предниот браник, кој доби влезови на воздух од различни форми. Нов е и системот за издувни гасови, кој остана без задните придушувачи и така браникот има поинаква форма и вид на дифузер.

Инженерите на „Ferrari“ ја зголемија моќноста на 3,9-литарскиот битурбо „V8“ мотор од 600 на 620 „коња“, со максимален вртежен момент од 760 Nm кој не е променет. Додаден е филтер за честички за да се ажурира моторот со новите еколошки стандарди. Промените влијаат на времето на забрзување од 0 до 100 km/h, што сега е 3,4 секунди (досега тоа беше 3,5 секунди). Максималната брзина останува „над 320 km/h“.

Актуелниот 7-брзински автоматски менувач се заменува со 8-степениот пренос (исто така со две спојки). Тој е поставен и на купето „Roma“, бидејќи е 20% покомпактен од претходниот менувач и се справува со 35% поголем вртежен момент. Патем, максималните 760 Nm во моторот се достапни само во седма и осма брзина, а додека во пониските е ограничен по електронски пат.

Друга новина со која компанијата е горда се новите режими на возење, кои можат да се менуваат на воланот. Досега имаше три – „Comfort“, „Sport“ и „ESC Off“, но сега има пет – додадени се „Rain Wet“ и „Extreme Race“. Моделот исто така добива и асистент за подесувањето „SSC“ (Side Slip Control), кој одамна е ставен на моделите од високата класа на „Ferrari“.

Промените во кабината не се многу. Останува мултимедијалниот систем со 10,25-инчен екран, како и дополнителниот 7-инчен дисплеј пред сопатникот. Модернизацијата не влијаеше на тежината на автомобилот – 1.545 kg. Продажбата на „Portofino М“ ќе започне во пролетта 2021-ва година, со цени кои започнуваат од 206.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП