20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„LVMH“ го даде договорот за купување на „Tiffany“ за одобрување од ЕУ

„LVMH“ го даде договорот за купување на „Tiffany“ за одобрување од ЕУ

Гигантот за луксузни стоки „LVMH“ го достави договорот за одобрување за купување на американската компанија за накит „Tiffany & Со.“ пред Европската комисија. Во Брисел треба да се направи антимонополска проценка од 16 милијарди долари.

Овој потег е израз на добра волја од страна на „LVMH“, и покрај фактот дека компанијата се обидува да се повлече од договорот, пренесува „Bloomberg“.

Во изјавата во петокот, од „LVMH“ велат дека и се обратиле на ЕК во исполнување на обврската, со досега доделени осум од десетте антимонополски дозволи. Француската компанија исто така соопшти дека очекува да добие зелено светло пред 24-ти ноември, кога е крајниот рок за затворање на зделката.

Од своја страна, од „Tiffany“ велат дека се задоволни од поднесувањето за одобрување на договорот.

„Брзината со која „LVMH“ реагираше откако „Tiffany“ поднесе жалба во Делавер, само ги потенцира одложувањата и непочитувањето на договорот за спојување на „LVMH“ во претходните месеци“, соопшти компанијата.

Дејствувањата на „LVMH“ се остварија откако „Tiffany“ го обвини конгломератот дека се обидува да го одложи купувањето со одолговлекување на процедурата, вклучително и во врска со дозволите на ЕУ.

Ова е уште една епизода во сагата за спојувањето на двете компании. Откако „LVMH“ на почетокот на овој месец објави дека делумно се повлекува од зделката поради трговскиот спор меѓу САД и Франција, „Tiffany“ покрена тужба за да го спроведе.

Акциите на американската компанија за накит пораснаа 1,4% за време на трговската сесија во петокот во Њујорк. Оние на француската компанија паднаа за 1,5% за време на трговијата во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП