20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Carnival Cruise Line“ ги откажува патувањата на почетокот на 2021-та година и...

„Carnival Cruise Line“ ги откажува патувањата на почетокот на 2021-та година и продава бродови

Компанијата „Carnival Cruise Line“ ги откажа патувањата на почетокот на 2021-ва година и продаде два нејзини брода, бидејќи Ковид-19 продолжува да има огромно влијание врз туристичката индустрија.

Оваа недела компанијата ги откажа крстарењата со бродовите „Carnival Magic“ и „Carnival Paradise“ до март 2021-ва година.

Маршутите на „Carnival Valor“ исто така се суспендирани до 29-ти април, а крстарењата со „Carnival Spirit“ се откажани до 16-ти мај.

Во моментов, сите 27 бродови за крстарење се закотвени барем до крајот на септември, а извршниот директор на „Carnival“ Арнолд Доналд рече дека тие веројатно нема да работат со полн капацитет до најмалку 2022-ра година.

Во меѓувреме, британската крстаречка линија „P&O Cruises“, која е дел од „Carnival Corporation“, исто така ги откажа своите патувања на почетокот на 2021-ва година.

„AIDA Cruises“, исто така дел од „Carnival Corporation“, која работи во Германија, ќе ги продолжи есенските крстарења по Медитеранот со „акценти на Италија“, предвидени да започнат на 17-ти октомври 2020-та година.

Седумдневното крстарење ќе биде достапно до 28-ми ноември 2020-та година, а резервациите започнуваат на 21-ви септември.

На бродот се следат строги безбедносни правила, кои вклучуваат носење маски во заедничките простории, како и обезбедување на негативен тест за ковид-19 пред да се качите.

Компанијата исто така објави дека ќе ги продава своите бродови „Carnival Fascination“ и „Carnival Imagination“.

„Иако сме тажни што „Carnival Fascination“ и „Carnival Imagination“ ја напуштаат нашата флота, ова е неопходен потег бидејќи ни овозможува да се фокусираме на бродови кои нудат најширок спектар на одлики и сместување за нашите гости“, вели претседателката „Carnival Cruise Line“, Кристин Дафи.

Во јули беа продадени уште два брода. Според „Good Morning America“, „Carnival Cruises“ ќе продадат вкупно 18 пловни објекти.

Сепак, од компанијата соопштија дека бродовите ќе бидат продадени, и покрај пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП