27 февруари, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПознати повеќе спецификации за „Samsung Wireless Charger Trio“

Познати повеќе спецификации за „Samsung Wireless Charger Trio“

Претходно во текот на овој месец, „Samsung“ ги претстави „Galaxy Tab A7“ и „Galaxy Fit2“, а го најави и „Wireless Charger Trio“ – нов безжичен полнач што истовремено може да полни смартфон, паметен часовник и слушалки.

Компанијата тогаш не ги објави спецификациите на полначот, но сега на страницата на „Samsung“ во Јужна Кореја беше објавен „Wireless Charging Trio“, со нови детали за уредот.

„Wireless Charger Trio“ може брзо да ги полни „Samsung“ телефоните до 90W. Тука е и поддршката за „Qi“ уреди до 5W и поддржува 7.5W полнење за „Apple“ производите. Уредот има вградени „LED“ индикатори кои даваат информации за статусот на полнењето.

Димензиите на полначот изнесуваат 240 x 86 x 15,5 милиметри, а тежок е 320 грама.

Полначот ќе биде достапен во црна и бела боја и ќе ги поддржува премиум моделите на „Samsung“ („Galaxy S“, „Note“, „Fold“ и „Z“ сериите), „Galaxy Buds (+)“ и „Galaxy Buds Live“, како и „Galaxy Watch“ часовниците со поддршка за безжично полнење.

Засега нема информации за тоа кога „Samsung Wireless Charger Trio“ ќе биде достапен во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП