25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Snowflake“ претвори тројца шефови на компанијата во милијардери

„Snowflake“ претвори тројца шефови на компанијата во милијардери

Акциите на „Snowflake“ објавија сериозен пораст на својата котација на берзата, со што тројца шефови на компанијата станаа милијардери.

Компанијата, која е снабдувач на технологија за складирање на податоци, дебитираше на берзата по цена од 120 американски долари.

На почетокот на трговската сесија, акциите се искачија на 245 долари по акција, а на затворањето цената достигна 254 долари, што ја процени „Snowflake“ на 70 милијарди долари.

Актуелниот извршен директор Френк Слотман, неговиот претходник Боб Мулијан и коосновачот на компанијата Беноа Дијгевил сега се милијардери, пишува „Forbes“, само неколку часа откако „Snowflake“ се стекна со јавен статус.

Последен пат компанијата собра капитал во февруари при проценка од 12,4 милијарди долари.

„Snowflake“ објави приход од 264,7 милиони долари за 2019-та година и 242 милиони долари за првите шест месеци од 2020-та година.

Основана во 2012-та година, компанијата им понуди на инвеститорите 28 милиони акции, со што собраа 3,4 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП