26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанијата „Norwegian“ ќе ги намали емисиите на CO2 за 45% до 2030-та

Авиокомпанијата „Norwegian“ ќе ги намали емисиите на CO2 за 45% до 2030-та

Норвешката авиокомпанија „Norwegian“ има намера да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 45% до 2030-та година во споредба со нивото од 2010-та година.

Ова намалување на емисиите мора да се постигне преку обновување на флотата и одржливите горива за авиони, објави компанијата, претставувајќи ја својата нова стратегија за одржливост.

Првичните елементи на стратегијата за одржливост, исто така, вклучуваат 100% намалување на пластиката што не може да се рециклира и 100% рециклирање на пластика за една употреба до 2023-та година.

„Поодржливите и попаметните можности се сè поголем дел од размислувањата на клиентите при изборот на авиокомпанија. Ние ќе го поддржиме ваквиот став и ќе станеме одржлив избор на клиент со намалување и рециклирање на пластичниот отпад, промовирањето на одржливо воздухопловно гориво и продолжување на летањето со една од најмладите флоти во светот за да се постигне 45% намалување на емисиите на СО2 до 2030-та година“, вели Андерс Фагернес, раководител на одделот за одржливост на животната средина во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП