23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Thomas Cook“ воскресна во онлајн туристичка компанија

„Thomas Cook“ воскресна во онлајн туристичка компанија

Денеска „Thomas Cook“ повторно започна да работи, но како онлајн туристичка компанија, која првично ќе продава аранжамни на безбедни дестинации од списокот на британската влада, пренесуваат светските медиуми.

Компанијата, купена од кинеската „Fosun Group“ за 11 милиони фунти (14 милиони долари) откако банкротираше минатата година, има нова веб-страница на која клиентите можат да ги планираат своите патувања со додадени услуги како што се изнајмување автомобили и патничко осигурување.

Банкротот на „Thomas Cook“ доведе до губење на 9.000 работни места во Велика Британија и остави 150.000 туристи блокирани во странство.

„Обновената компанија користи модел за заштита на плаќање и ќе ги добива парите на клиентите само откако ќе се вратат од годишен одмор“, рече Алан Франшн, главен извршен директор на компанијата за Велика Британија.

„Туристите нема да плаќаат такси за промени во нивното патување доколку се променат владините правила“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП