Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Народна банка: Поставеноста на монетарната политика оценета како соодветна на макроекономските услови

Време: 11:07

Датум: септември 16, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Редовна седница на КОМП: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети. Остварувањата на економијата генерално се во согласност со очекувањата на Народната банка.

На 15 септември 2020 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП), на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

Најновите макроекономски показатели покажуваат пад на бруто домашниот производ во вториот квартал од 12,7%, што во целост е во согласност со проекцијата на Народната банка според која очекуваното намалување изнесуваше 12%. По минималниот раст на економијата во првиот квартал од само 0,2%, во вториот квартал, економијата очекувано забележа досега најдлабок годишен пад, одразувајќи ги ефектите предизвикани од пандемијата на ковид-19. Тековно расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од 2020 година, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност. Ова е видливо преку забавувањето на годишните стапки на пад на индустријата и трговијата во јули, додека на месечна основа се забележува раст и во двата сектора.

Просечната годишна стапка на инфлација и натаму се одржува на релативно ниско и стабилно ниво, и за првите осум месеци од годината изнесува 0,8%, за што главно придонесуваат повисоките цени на храната. Во однос на проекцијата, ваквите остварувања се над очекувањата за 0% стапка на инфлација во 2020 година. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, неизвесноста околу остварувањето на проекцијата на инфлацијата за 2020 година е зголемена.

Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурна зона. Во периодот јули-август главни фактори кои делуваа врз промената на девизните резерви се редовните отплати на обврските на јавниот сектор кон странство и интервенциите на Народната банка на девизниот пазар. Расположливите податоци од надворешниот сектор за третото тримесечје од годината се главно ограничени. Податоците од надворешнотрговската статистика со јули упатуваат на можност за остварување на повисок трговски дефицит од очекуваниот за овој период, но периодот на оцена е многу кус за донесување поконкретни заклучоци. Податоците за билансот на плаќања за второто тримесечје посочуваат на помал дефицит во тековната сметка, како и повисоки нето-приливи во финансиската сметка, во однос на проектираните за вториот квартал.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за август покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, кој е повисок во однос на проекцијата за третиот квартал од годината.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем во домашна валута се задржа на релативно солидно ниво, при што банките повремено тргуваа краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари, за август посочуваат и на умерено подобрени движења на девизниот пазар, со оглед на натамошниот сезонски ефект на повисоката понуда на девизи од физичките лица на менувачкиот и девизниот пазар, но и умерено пониската потреба за девизи на корпоративниот сектор. Овие движења, проследени со подобрената девизна ликвидност на банкарскиот систем, придонесоа за најниски (21,5 милиони евра) месечни интервенции и поретко присуство на Народната банка со продажба на девизи на банките поддржувачи на девизниот пазар, од почетокот на кризата наваму. Постабилните  трендови на девизниот пазар продолжуваат и на почетокот на септември, кога банките на нето-основа откупуваат девизи од економските субјекти, а Народната банка нема интервенции.

Во услови на засилени очекувања за пронаоѓање вакцина за ковид-19 и за постепено закрепнување на глобалната економија, на меѓународните финансиски пазари во август беше забележан оптимизам, проследен со пораст на цените на акциите и други високоприносни финансиски инструменти. Истовремено, инвеститорите имаа послаб интерес за побезбедни финансиски инструменти, што доведе до пад на цените на државните обврзници издадени од државите во еврозоната и од САД, коишто сепак беа умерени и ограничени во услови на натамошна примена на експанзивните монетарни политики на централните банки.

Резимирано, на седницата на Комитетот беше заклучено дека последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата на Народната банка, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на монетарната политика, доколку тоа е потребно.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Њујорк го задржа првото место на светскиот ранг на финансиски центри, а Лондон го консолидираше своето второ место пред целосното излегување на Велика Британија од…

  • Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Годишната стапка на раст на монетарниот агрегат „М3“ или т.н. „широките пари“ паднаа на 9,5% во август 2020-та година од 10,1% во јули и во…

  • МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините…

  • Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и околу 85 милиони како исклучително…

  • Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе…

  • Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните луѓе покажуваат соодветно ниво на…

  • Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Oд понеделник, 28.9.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно…

  • Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите…

  • Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Како дел од новата иницијатива презентирана во четвртокот, Европската комисија ќе утврди јасни правила за криптовалутите, кои честопати не спаѓаат во рамките на традиционалното финансиско…

  • Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за…