16 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„H&M“ се врати кон профит со неочекувано силни резултати

„H&M“ се врати кон профит со неочекувано силни резултати

Шведската компанија за брза мода „Hennes & Mauritz AB“ се врати кон профит, успевајќи да ги надмине очекувањата на аналитичарите – нов позитивен сигнал за малопродажниот сектор.

За три месеци до август, добивката пред оданочување пресметана врз основа на прелиминарните резултати достигна околу 2 милијарди круни (230 милиони американски долари). Тоа е осум пати повеќе од просечната прогноза на аналитичарите и скоро двапати над најоптимистичката прогноза, објави „Bloomberg“.

Акциите на компанијата пораснаа за скоро 13% по обајвувањето на резултатите на берзата во Стокхолм.

Според „H&M“, големиот профит се должи на подобрите приходи од очекуваните, бараните колекции и повеќето продажби на производи по целосни цени.

Податоците ја намалија загриженоста за проблемот на компанијата со акумулацијата на залихите. Ова се случува додека подостапни трговци на мало како „Primark“ добиваат удел на пазарот откако потрошувачите бараат поудобна работна облека од дома.

Продажбата на „H&M“ падна на 50,9 милијарди круни – пад од 16% во локалната валута. Сепак, износот е над очекуваните 50,8 милијарди круни. Ланецот го започна кварталот со 900 од затворените 5.000 продавници поради коронарнакризата. До крајот на август, сите, освен околу 200 продавници, повторно работат.

„H&M“ ќе претстави целосен извештај за своите активности на 1-ви октомври, кога инвеститорите ќе добијат повеќе детали за тоа дали компанијата успеала да продаде повеќе од заостанатото производство.

По денешните резултати, аналитичарите веројатно ќе ги зголемат своите очекувања за компанијата, иако консензусот за значително закрепнување на продажбата во следните шест до девет месеци е премногу оптимистички, велат аналитичарите од „Morgan Stanley“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП